Вучиќ: Избори може да има за 75 дена, загрозени ни се стабилноста и граѓанскиот мир

Претседателот на Србија Вучиќ, вечерва, по седницата на Владата, изјави дека во следните десет дена ќе се донесе одлука дали ќе се одржат избори или ќе се формира нова влада по оставката на премиерот Милош Вучевиќ и нагласи дека стабилноста во земјата ќе се зачува.

„Србија ќе го зачува мирот. Во следните десет дена ќе донесеме одлука дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада. Сето тоа не изненади. Немаме кандидати. Тоа е неверојатно“, рече Вучиќ во своето обраќање до граѓаните по вонредната седница на српската Влада која претходно денеска ја поднесе неотповикливата оставка на премиерот на Вучевиќ.

Вучиќ изјави дека сите се задоволни од тешката работа што ја сработиле синоќа, прифаќајќи ги барањата на студентите во блокадата, во интерес на граѓаните.

Тој додаде дека државата благодарение на несериозните и неодговорни игри и однесување на одредени политички актери е доведена во тешка ситуација, додека е под огромен притисок надвор од државата.

„Нашата стабилност е загрозена, нашиот граѓански мир е загрозен, многу работи се загрозени. Некои вршат насилство секој ден на секој можен начин. Незаконското однесување овде се охрабрува на секој можен начин. Се смета за нормално, се смета за вообичаено“, рече претседателот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека е отворен за двете опции според процедурата, како за формирање нова влада, така и за избори.

Тој додаде дека претседателот на СПС Ивица Дачиќ изјавил дека не е за избори, туку за формирање нова влада.

Зачлени се на нашиот е-билтен