Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дел од училиштата во Грција добиле лажни дојави за бомби од Русија

Заканувачки мејлови за поставени експлозивни направа, кои се покажале како лажни, утрово биле испратени во низа грчки училишта, а истрагата покажала дека се испратени од седум ИП адреси од Русија, информираа од Министерството за образование, религија и спорт на Грција.

Мејловите на англиски јазик пристигнале главно во училиштата во областа Атика поширокиот регион на Атина, во Епир и во североисточна и централна Грција, а веднаш бил активирано блокирање од серверите на училишна мрежа.

„Заканувачките електронски пораки беа напишани на англиски јазик и предупредуваа за наводното постоење на експлозивен механизам во училиштата. Слични мејлови беа испратени минатиот понеделник до образовните единици во Словенија. Сепак, превентивно беше активиран безбедносниот протокол, информирани беа сите надлежни органи, поднесено е барање до Одделот за борба со компјутерски криминал за идентификување на испраќачот, а поднесена е и пријава до обвинителството“, соопштија од надлежното Министерство.

Зачлени се на нашиот е-билтен