Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ни срам ни перде, Министерот за дигитална трансофрмација Стефан Андоновски горд што сите од семејството се владини функционери

Министерот за дигитална трансофрмација Стефан Андоновски во гостувањето во Клик Плус потврди дека неговиот татко е назначен за советник на премиерот Мицкоски за национана безбедност и дека неговиот брат е назначен за началник во АНБ за Град Скопје. Сепак, тврди дека тоа нема никаква врска со тоа што тој е министер, туку неговиот татко и брат, поседуваат квалитети и заслужено се на тие позиции. Горд е на успехот на двајцата, а грешка била на претходните влади што не ги користеле нивните квалитети.

-Мислам дека тоа е валоризација на тоа што го има сработено во неговите 35 години и на ниту еден начин не е поврзано со мојот ангажман. Напротив, сметам дека беше грешка на изминатите Влади што не го користеа неговиот ангажман кога беше активно вработен, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Со пофалби и за неговио брат, за кој вели дека со години е вработен во безбедносните структури и дека досега не напредувал во кариерата, иако законски го следувало тоа.

Зачлени се на нашиот е-билтен