Хаос во Собранието во Србија – Гасни бомби, вувузели и барање за генерален штрајк

Во Собранието на Србија денес дојде до сериозен хаос кога опозицијата започна со палежање бакљи, додека во салата беше развиен транспарент со натписот „Србија се крева за режимот да падне“. Според известувањата на репортерката на Ал Џезира, Катерина Војновиќ, ситуацијата се влошила кога започнале да летаат јајца, а салата била целосно задимена од димни бомби.

Инцидентот се случил по усвојувањето на дневниот ред околу 11:15 часот, кога опозицијата исфрлила димни бомби во различни бои, вклучувајќи црвени, црни и бели. Во салата истовремено се слушале звуци од труби и вувузели. Пратениците од опозицијата, покрај транспарентот, го држеле и српското знаме, изразувајќи поддршка за студентските протести кои се случуваат по трагедијата во Нови Сад.

Ова се случуваше на првата седница на Собранието по тримесечната пауза, на која се очекуваше пратениците да ја констатираат оставката на премиерот Милош Вучевиќ, која беше поднесена на 28 јануари. Опозицијата изрази став дека владата паднала и дека претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, се обидува да внесе министри од владата која е, според нив, веќе падната.

Тие предложија на дневен ред да се стави само една точка, а тоа беше измената на Законот за високо образование. Меѓутоа, Брнабиќ изјави дека седницата ќе продолжи, бидејќи, како што нагласи, Собранието треба да ја заврши својата работа.

Зачлени се на нашиот е-билтен