Поради официјалната посета на претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу, утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Скопје.
МВР соопшти дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе ги преземе потребните мерки за време на посетата на 27 октомври.
Од Министерството ги повикаа граѓаните што ќе се движат низ градот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Во најавата не се прецизирани улиците и термините што ќе бидат опфатени со посебниот режим.
