Мозокот на бабите се менува кога имаат внуци, ги подмладува!

Фотографиите или присуството од сопствените внуци предизвикале поголема активност во мозочни региони поврзани со емоционалната емпатија и лачење на хормони кои се поврзуваат со побрзо заздравување и одржување на биоритамот кај бабите вклучени во истражување на Универзитетот „Емори“. Научниците добиле увид во тоа како мозокот реагира на една од најблиските семејни врски.

Особено се издвојувала реакцијата во делови од мозокот поврзани со емоционалната емпатија, односно со споделувањето на туѓите чувства. Според водечкиот автор Џејмс Рилинг, тоа укажува дека бабите можеби се особено чувствителни на емоциите на своите внуци. Неговото толкување е дека радоста или вознемиреноста на детето може да предизвикаат непосреден емоционален одговор кај бабата. Истото истражување укажува дека дури и кога не се тука внуците, самата помисла, го менува размислувањето, фронталниот кортекс на мозокот. Ги качува сите позитивни хормони, кои потоа влијале позитивно врз здравјето на личноста.

Учесничките одговарале и на прашања за времето што го поминуваат со внуците, за заедничките активности и за блискоста што ја чувствуваат.

Дополнителна анализа, објавена во април 2025 година во „Social Cognitive and Affective Neuroscience“, ја проширила оваа слика. Истражувачите повторно ги обработиле снимките од првичното истражување, овојпат со анализа што опфатила 47 учеснички, кои го потврдуваат примарното истражување дека, внуците се на еден начин и здравје за своите баби, преку поттикнување на биолошки и хормонални процеси кои го подмладуваат нивниот организам.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?