Во периодот од 19 до 23 октомври 2026 година, припадници на Одделението за претходница и сообраќајно-ескортно обезбедување учествуваа на меѓународниот семинар „Technology for Road Policing“, организиран во рамки на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL, во соработка со Школата за сообраќај на шпанската Цивилна гарда. Семинарот се одржа во Мадрид и Мерида, Кралството Шпанија, и обедини полициски претставници од 20 европски земји и земји од Блискиот Исток.
Настанот беше посветен на размената на професионални искуства, презентирањето на современи технологии и унапредувањето на методите за контрола и надзор на сообраќајот, со крајна цел зголемување на безбедноста на патиштата и спречување на сообраќајните незгоди. Во рамки на стручните предавања и презентации беа опфатени повеќе актуелни теми, вклучително и новите технолошки решенија за откривање прекршоци и унапредување на безбедноста во патниот сообраќај.
Во дел од програмата беше реализирана и показна вежба на припадниците на шпанската Цивилна гарда, која опфати демонстрација на полициски мотоцикли и вештини за прецизно и контролирано управување со мотоцикли, како дел од презентацијата на нивните оперативни способности и начинот на извршување на полициските задачи во сообраќајот. Учеството на семинарот претставува можност за непосредно запознавање со современите европски практики, размена на искуства со претставници на полициските служби од учесничките земји и согледување на можностите за примена на новите технологии и методи во секојдневното полициско работење.
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи континуирано ги поддржува активностите насочени кон унапредување на сообраќајната безбедност, јакнење на професионалните капацитети и размена на меѓународни искуства, со цел примена на современи пристапи во полициското постапување и поефикасно спречување на сообраќајните незгоди.

