Компанијата Тесла против Трамп: Предупредува дека може да се соочи со одмазднички тарифи

By Steve Jurvetson - https://www.flickr.com/photos/jurvetson/36251519855/, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=61376692
By Steve Jurvetson – https://www.flickr.com/photos/jurvetson/36251519855/, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=61376692

Американскиот производител на автомобили Тесла предупреди дека таа и другите големи американски извозници се изложени на одмазднички тарифи кои би можеле да бидат одговор на новите агресивни тарифи од страна на претседателот Доналд Трамп, известува денеска Ројтерс.

Коментарите на Тесла ги одразуваат коментарите на многу американски бизниси загрижени од тарифите на Трамп, но се паѓаат во очи затоа што се од Тесла.

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, близок сојузник на Трамп, ги предводи напорите на Белата куќа за намалување на големината на федералната влада. Милијардерот го предводи таканаречениот Оддел за владина ефикасност.

Коментарите на Тесла произлегуваат од писмото достапно на веб-страницата на канцеларијата за американската трговска политика.

Не е јасно кој во Тесла го напишал писмото, кое е непотпишано, но е на меморандум на компанијата. Тесла не одговори веднаш на барањето за коментар на Ројтерс.

Во писмото на Тесла се вели дека е важно да се осигура дека напорите на администрацијата на Трамп за решавање на трговските прашања „нема да им наштетуваат на американските компании“.

Компанијата наведува дека е потребно да се избегне одмазда од типот со кој се соочи во претходните трговски спорови, што резултираше со зголемени тарифи за електрични возила увезени во земји кои подлежат на американски тарифи.

„Извозниците од САД се инхерентно изложени на непропорционални влијанија кога другите земји реагираат на американските трговски акции“, се вели во писмото на Тесла. „На пример, минатите трговски активности на Соединетите држави резултираа со непосредни реакции од страна на целните земји, вклучително и зголемени тарифи за електричните возила увезени во тие земји“.

Трамп размислува да воведе значителни царини за возила и делови произведени низ светот на почетокот на април.

Тесла предупредува дека дури и со агресивна локализација на синџирот на снабдување, „одредени делови и компоненти е тешко или невозможно да се набават во САД“.

Производителот на автомобили додава дека компаниите „ќе имаат корист од фазен пристап кој им овозможува соодветно да се подготват и да обезбедат преземање соодветни мерки за синџирот на снабдување и усогласеност“.

„Како американски производител и извозник, Tesla ја охрабрува Канцеларијата за трговија да ги разгледа влијанијата на одредени предложени дејства преземени за да се справат со нефер трговски практики“, вели производителот на најпродаваните електрични возила.

Autos Drive America, трговска групација што ги претставува големите странски производители на автомобили, вклучително Toyota , Volkswagen, BMW, Hondaи Hyundai од каде што предупредија дека „царините со широка основа ќе го нарушат производството во монтажните погони во САД“.

Групата додаде: „производителите на автомобили не можат да ги префрлат своите синџири на снабдување преку ноќ, а зголемувањето на трошоците неизбежно ќе доведе до некоја комбинација на повисоки потрошувачки цени, помалку модели понудени на потрошувачите и затворање на производствените линии во САД, што ќе доведе до потенцијални загуби на работни места низ синџирот на снабдување“.

Зачлени се на нашиот е-билтен