Чифлигароски оди во куќен притвор, судот му ги одзеде двата пасоша

ФОТО: Бирн

Битолскиот бизнисмен Стојан Чифлигароски, осомничен во предметот „Синџир“, ќе го напушти затворот „Скопје“ во Шуто Оризари откако Кривичниот совет му го замени притворот со куќен притвор. Истовремено, судот определи да му бидат одземени двете важечки патни исправи.

Одлуката е донесена по предлог на одбраната, за кој позитивно мислење дало Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Како околности во прилог на поблагата мерка, обвинителството ги навело завршната фаза на истрагата, како и здравствената и семејната состојба на Чифлигароски, поткрепена со медицинска документација.

Странките имаат право на жалба во рок од 24 часа од приемот на решението, но жалбата не го одложува неговото извршување.

Чифлигароски беше уапсен на граничниот премин „Свети Наум“ на 22 септември годинава, кога се предаде по повеќегодишна недостапност за органите на прогонот.

Во предметот „Синџир“ првично беа обвинети 22 сопственици и директори на 19 компании. Според обвинението, преку меѓусебно издавање фактури за фиктивни стоки и услуги, од почетокот на 2019 до крајот на 2021 година бил избегнуван ДДВ, со што буџетот бил оштетен за околу осум милиони евра.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?