По исклучувањето на УКИМ, Јаневска најави пари за струја од ребалансот

Долговите за струја на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се подмируваат со ребалансот на буџетот, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, еден ден откако дел од факултетите и Ректоратот останаа без електрична енергија поради неплатени сметки.

Јаневска потврди дека долгови постојат, но уверува дека факултетите не треба да стравуваат од ново исклучување. Посочи дека ребалансот бил објавен во „Службен весник“ и дека обврските се сервисираат.

„Ние ги сервисираме редовно тие долгови и длабоко сум убедена дека ќе немаме ваков проблем“, рече министерката.

Во средата без струја останаа Ректоратот, Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет. Според информациите на Телма, долгот кон снабдувачот изнесува околу половина милион евра.

Снабдувањето било обновено по неколку часа. Според медиумските информации, рокот за подмирување на долгот е до петок, 20 ноември.

Министерката зборуваше по посетата на Институтот за историја на Филозофскиот факултет, каде што се одбележува 80-годишнината од неговото основање.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?