„Охрид не молчит“ во сабота на протест против насилството врз жените

Со барања за заштита на жртвите и навремена реакција од институциите, иницијативата „Охрид не молчит“ најави мирен граѓански протест за сабота, 21 ноември. Собирот против фемицидот, родово базираното и семејното насилство ќе почне во 12 часот на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.

Од плоштадот, учесниците ќе поминат низ Охридската чаршија до СВР Охрид, а потоа ќе продолжат по булеварот „Македонски просветители“ до Основниот суд, каде што ќе заврши протестот. Собирот е најавен до 14 часот.

„Бараме заштита, одговорност и конкретни промени. Не сакаме да чекаме да биде предоцна!“ се наведува во повикот објавен на инстаграм-профилот на иницијативата.

Еден од поводите за протестот е неодамнешниот напад врз 26-годишната Сара во Охрид. Основниот суд во Охрид му одреди 30 дена притвор на Кристијан Корабоски, кој е обвинет за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?