При претрес на дом во Кочани пронајдени 197 брендирани парфеми без документација

Полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода 31-годишниот А.Д. од Кочани, откако при судски претрес во неговиот дом беа пронајдени 197 парфеми од познати брендови и друга козметика без документација.

Апсењето е извршено вчера, на 18 ноември 2026 година, во 17:25 часот. При претресот, спроведен по претходно издадена судска наредба, полицијата ги одзела парфемите и останатите козметички и други производи за кои осомничениот не поседувал никакво покритие за потеклото.

Тој е приведен поради основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, казниво по член 285 од Кривичниот законик.

За случајот е известен надлежен јавен обвинител. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на настанот, против 31-годишниот кочанчанец ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?