Новак Ѓоковиќ ќе се појави во продолжението на познат холивудски филм

Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ќе се обиде и во глумата. Најдобриот српски тенисер се појавува во новото продолжение на популарната комедија „ Фокери- Еве ја невестата“ , со што за прв пат во кариерата дебитира на големото платно.

Ѓоковиќ е дел од екипата предводена од Роберт Де Ниро и Бен Стилер, а во филмот глумат и Аријана Гранде, Овен Вилсон, Блајт Данер и Тери Поло.

Во една од сцените, српскиот тенисер се појавува со рекет во рацете, а неговата камео улога е изразена во заедничка сцена со актерот Овен Вилсон.

Новиот филм го враќа семејството Фокер на големото платно и носи нова серија семејни недоразбирања, генерациски конфликти и комични ситуации.

Овој пат, приказната се фокусира на Хенри Фокер, игран од Скајлер Гисондо, синот на Грег и Пам. Неговата одлука да се ожени со самоуверената, успешна и силна Оливија, играна од Аријана Гранде, предизвикува низа нови компликации и незгодни ситуации.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?