Тешко повредена пациентка од Кочани оперирана во Ниш имала изгореници кои зафатиле 25 % од нејзиното тело

Во Универзитетскиот клинички центар во Ниш доцна попладнево е примена 45-годишна пациентка од Кочани, една од повредените во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Според соопштението на УКЦ Ниш, пациентката има изгореници кои зафатиле околу 25% од нејзиното тело, како и оштетувања на дишните патишта. По приемот, лекарите извршиле хируршки третман и направиле алтернативен респираторен пристап. Во моментов е хоспитализирана на одделот за интензивна нега.

Лекарите внимателно го следат нејзиното здравствено состојба, а дел од повредените од трагедијата во Кочани се очекува да бидат префрлени на лекување во соседните земји.

Зачлени се на нашиот е-билтен