Демолиран кафе-барот „Класик“ чиј сопственик е газдата на „Пулс“

Револтот по трагедијата во Кочани не стивнува – група граѓани го демолираа кафе-барот „Класик“, чиј сопственик е ист со оној на дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица.

Протестот, кој започна во паркот, продолжи пред општинската зграда со извици: „Бараме правда!“, „Секој еден може да е следен!“, „Убијци!“. Демонстрантите бараат одговорност за катастрофата и санкции за сите инволвирани.

Напнатоста во градот расте, а институциите остануваат под силен притисок од јавноста.

Зачлени се на нашиот е-билтен