Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија.
Заедно со Вучиќ беа и министерот за здравство Златибор Лоначар, како и директорката на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Јелена Друловиќ.
Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ што се случи ноќта меѓу саботата и неделата, загинаа најмалку 59 лица, а околу 155 се повредени, од кои 51 се испратени на лекување во странство.