Доналд Трамп го презеде водството во трката за номинација претседателски кандидат од републиканците, што засега се води меѓу него и гувернерот на Флорида, Рон Десантис, се дознава од анкетата денеска објавена од весникот Волстрит журнал.
Поранешниот претседател на САД ја гради подршката низ повеќе делови на главниот електорат на републиканците на национално ниво, додека гувернерот на Флорида нема таква поддршка.
Нивните кампањи започнаа да емитуваат и ТВ реклами со критики и меѓусебно оцрнување.
Од анкетата се дознава дека меѓу нејверојатните републикански гласачи, а во хипотетичка трка, Трамп избива на прво место со 51 отсто наспроти 38 отсто за Десантис. Во декември тој водеше со 14 проценти повеќе.
Трката за номинација претседателски кандидат од републиканците започна да се развива. Првото прелиминарно гласање е за осум месеци. Дотогаш игралиштето треба да е составено од вкупно 12 кандидати. Иако рано, Трамп засега води меѓу оние кои највија учество како Десантис или Ники Хејли, поранешната амбасадорка на САД во ОН, која во оваа анкета доби само пет отсто поддршка, или сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот (три отсто).
Претседателските избори во САД се закажани за во ноември 2024 година. Деновиве, и актуелниот претседател Џо Бајден се очекува да ја објави својата номинација за претседателски кандидат од демократите.
Трамп се врати на сцената по подигнатото обвинението против него од страна на њујоршкиот областен обвинител Елвин Браг. Според многумина коментатори, обвинението и последователното полициско задржување во Њујорк само ја зголеми неговата популарност, па тој повторно станува дел од републиканскиот естаблишмент по поразот од Бајден на изборите во 2020 година.