Трамп: Харвард е „шега“ што „учи на омраза и глупости“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја интензивира кавгата со универзитетот Харвард, откако елитната институција ги осуди неговите барања.

„ Харвард е шега, учи на омраза и глупости и повеќе не треба да добива федерални средства“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.

Според него, Харвард повеќе не треба да биде на ниту една листа на најдобри универзитети или колеџи во светот и напиша дека „Харвард ги вработува речиси сите воук, радикални левичари, идиоти и празноглави“.

Трамп го обвинува Харвард и другите елитни американски универзитети дека спроведуваат левичарска идеологија и дозволуваат антисемитизам во кампусите.

За разлика од другите универзитети кои беа под притисок, Харвард одбива да ги спроведе промените во вработувањето и приемот на студенти што ги бара Трамп. Американскиот претседател, исто така, бара да се укинат програмите за различност, еднаквост и инклузија.

Како одговор, администрацијата на Трамп замрзна две милијарди долари федерални грантови и договори на Харвард. Трамп вчера се закани дека Харвард може да ги загуби и фискалните олеснувања. 

Зачлени се на нашиот е-билтен