Израел ги нападна пристаништата на Хутите во Јемен

Израел денеска објави дека нападнал и сериозно оштетил пристаништа во Јемен контролирани од Хутите. Во исто време, министерот за одбрана Израел Кац вети дека ќе го пронајде и убие лидерот на јеменските бунтовници Абдул Малик ал-Хути.

Според телевизијата „Ал-Масира“, контролирана од Хутите, Израел ги нападна јеменските пристаништа Ходеида и Салиф на брегот на Црвеното Море.

Хутите продолжуваат да испукуваат ракети кон Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа, и покрај тоа што се согласија да ги запрат нападите врз американските бродови.

Израелската војска, која изврши повеќекратни одмазднички напади врз цели на Хутите, вчера пресретна ракета истрелана од групата.

Порано оваа недела, Израел издаде наредби за евакуација од пристаништата Рас Иса, Ходеида и Салиф, велејќи дека ги користат јеменските бунтовници Хути, кои се сојузници на Иран.

Зачлени се на нашиот е-билтен