На 17 мај 2015 година, пред десет години во Скопје се одржа дотогаш најголемиот граѓански протест против режимот на Никола Груевски. Според проценките на странските медиуми, на протестот излегоа околу 100 илјади граѓани. Со слоганот #Доаѓаме! граѓаните најавија жестока борба за слобода и демократија, а единствениот начин за ослободување на државата од режимот беше тој да падне.
Тој неделен ден,17-ти мај 2015 година, бескрајна река од народ од сите страни на Скопје се слеваше кон обезличената зграда на „Илинденска“ бб.

Ниту пред, ниту после тој ден, никогаш повеќе народ собран на едно место. Таква енерегија и желба за промени никогаш преходно не беше забележама. Граѓаните беа одважни и одлучни. Храбри и горди од уверувањето дека моѓат да покренат процеси и да се спротивстават на режимот што ја зароби државата. Беше јасно и со силна желба и верба изразено дека граѓаните сакаат и можа да ги променат работите.
Според граѓанските организации и активисти, тие беше најмасовниот и најдостоинствениот протест било кога одржан во нашата земја.

На протестот беа забележани многу знамиња и транспаренти, но ниедно обележје на политичките партии.
По протестот, неколку илјади демонстранти остана пред владата и го започнаа Кампот на слободата, кој функционираше шеесет дена, но борбата со режимот на Груевски продолжи понатаму.