Рама објави видео – десетици ракувања со европските лидери, само Мицкоски го нема

Тирана беше домаќин на самитот на Европската политичка заедница и на едно место ги собра сите значајни европски лидери.

Домаќинот на самитот, албанскиот премиер Еди Рама утрово објави видео од приемот на шефовите на влади и држави.

Емануел Макрон, Реџеп Таип Ердоган, Џорџа Мелони, Кир Страмер, Виктор Орбан, Александар Вучиќ, Володимир Зеленски беа само дел од важните личности што се најдоа во видеото на Рама.

Но во ниту една секунда од видеото, не се појави македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Не е познато дали станува за случен или намерен превид од агенцијата задолжена за односи со јавност на Рама или пак Мицкоски задоцнил да се поздрави со домаќинот.

Зачлени се на нашиот е-билтен