Пет лица избодени со нож во Лондон

Полицијата соопшти дека започнала потера откако пет лица биле избодени со нож на настан во југоисточен Лондон.

Пријавата за нападот била примена синоќа во 4:19 часот. Пет лица биле пронајдени со убодни рани и префрлени во болница, каде што нивните повреди сè уште се проценуваат.

Досега никој не е уапсен. „Истрагата е во тек“, се наведува во полициското соопштение.

Полицијата ги повикува сите граѓани кои располагаат со корисни информации да се јават.

Зачлени се на нашиот е-билтен