Денеска ќе се одржи традиционалниот годишен настан во масовно натпреварување во планинско трчање и велосипедизам до врвот на Водно, ПРВ ДО ВРВ. Трките во велосипедизам ќе започнат во 9:45 минути од Музејот на град Скопје со летечки старт пред ОУ „Кочо Рацин“, додека планинското трчање и тим билдинг трката ќе стартува директно пред училиштетот во 10:00 часот.
Оваа година на спортско-рекреативниот настан – „Шпаркасе лајф – прв до врв“ на Водно, ќе учествуваат учесници од цела Македонија.
Ќе има учесници од: Скопје, Куманово, Тетово, Кочани, Кичево, Штип, Велес, Охрид, Ресен, Пробиштип, Кратово, Струмица, Битола, Берово, Прилеп, Свети Николе, Демир Хисар, Гевгелија, Македонска Каменица, Валандово, Неготино, Гостивар и други населени места ширум земјава.
На фб страницата на „ПРВ ДО ВРВ“, ја поздравуваат ваквата масовност.
„Вие сте доказ дека љубовта кон природата, движењето и заедништвото нема граници“, пишува на Фб.
Од таму информираат дека на денот на трката, подигнување на стартни броеви, може да подигнат само учесниците кои не се од Скопје, но само доколку претходно уплатиле.
„Стартниот број можеш да го подигнеш и на денот на трката – недела, 18 мај, од 8:30 до 9:00 ч., кај ОУ Кочо Рацин. (Ова важи и за велосипедистите, иако нивниот старт е на друга локација“, информираат од „ПРВ ДО ВРВ“
„Се гледаме на Водно во недела – со срце, со страст и со огромна енергија“, порачуваат организаторите.