Видео од ударот на бродот во Бруклинскиот мост во Њујорк

Драматични снимки се појавија на X Network (порано Twitter) на кои се гледа моментот кога мексикански брод за обука се судира со Бруклинскиот мост во Њујорк.

Во несреќата загинаа две лица, додека 19 се повредени, од кои две се во критична состојба, потврди утрово градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.

Видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, го прикажува бродот како поминува под мостот, по што три јарболи се кршат со морничав звук на метал, додека присутните собрани во позадина врескаат од шок. Сцените предизвикаа лавина од коментари – од сочувство до страв и негодување – при што многу корисници на X го нарекоа снимката „премногу вознемирувачка за гледање“.

Зачлени се на нашиот е-билтен