Хрватска доби неповратни средства од 9 милијарди од ЕУ, за разлика од 6-те милијарди заем од Велика Британија под непознати услови, тоа е антиевропски договор, оцени претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес конференцијата што денеска се одржа во седиштето на партијата.
Како и за унгарскиот заем и за овој нема деталји под кои услови е договорен заемот, рече Филипче, но јасно е дека овој голем заем, речиси колку цел годишен буџер на Северна Македонија, ќе го враќаат неколку идни генерации.
Јавноста не е информирана птрецизно дали се работи за пари кои доаѓаат директно од Владата на Обединетото Кралство или, пак, од фонд кој само се управува од Лондон, посочи Филипче.
Очигледно е дека не се направени споредби со некои други извори за добивање заеми кои можеби нудат подобри за услови и каматите за вакво големо задолжување, предупреди претседателот на СДСМ.
Филипче нагласи дека СДСМ не е против Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и тој дел од договорот ќе го поддржи во Собранието со што направи разлика меѓу тој и договорот за заем од 6 милијарди евра.