Иранскиот парламент денеска го одобри законот за суспензија на соработката со нуклеарното надзорно тело на Обединетите нации-МААЕ, објави иранскиот Нурњуз.
Британските медиуми наведуваат дека сега останува уште Врховниот совет за национална безбедност на земјата да даде конечно одобрение за овој потег.
Како што претходно беше објавено, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека лоцирала нови точки на удар во нуклеарните централи Фордо и Натанз во Иран, како и можна локализирана контаминација и хемиски опасности.