Две највлијателни холандски организации за заштита на потрошувачите – Фондацијата за барања на потрошувачите (Consumer Competition Claims, CCC) и Здружението на потрошувачи (Consumentenbond) – објавија дека покренуваат колективна тужба против платформата Booking.com. Тие тврдат дека онлајн-агенцијата, преку догoворени клаузули за „паритет на цените“ со хотелите, изну́диле прекумерни суми од домашните гости уште од јануари 2013 година, нане́сувајќи „штета од неколку стотици милиони евра“ на холандските потрошувачи.
CCC ги повика сите лица што сметаат дека платиле повисоки цени да се пријават за да добијат потенцијална отштета. „Нашето истражување покажува дека ‘Букинг’ со години ги прекршувал правилата за конкуренција и заштита на потрошувачите. Време е парите да им се вратат на граѓаните“, изјави претседателот на CCC, Берт Хајкенс.
Според потрошувачките организации, клучниот механизам е клаузулата со која Booking.com им забранува на хотелите да понудат пониска цена на сопствените страници или кај конкурентски платформи. Овој услов, велат, вештачки ги одржува цените високи и ја задушува конкуренцијата во целиот сектор.
Платформата досега не се огласи со коментар, иако во минатото тврдеше дека ваквите одредби гарантираат “фер пазар“ за хотелите и транспарентност за потрошувачите.