На „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, денеска ќе се одржи фестивалот на звукот, природата и на одговорноста – „Саунд оф грин“ (Sound of green). Како што се наведува во денешното соопштение, станува збор за целодневна пикник-забава и едукација што ги поврзува музиката, екологијата и заедништвото и што ќе се реализира со поддршка од амбасадите на Швајцарија и Франција.
– Забава, музика и инспирација под отворено небо. Понеси пластично шише или лименка – биди пример за другите и покажи дека селекцијата е дел од секој фестивал, порачуваат од „Пакомак“, организатори на фестивалот, во пишаната изјава.
Фестивалот се реализира во партнерство со Институтот „Адам Мицкевич“ од Варшава, со поддршка од Министерството за култура и национално наследство на Полска, како дел од интернационалната културна програма на полското Претседателство во Советот на Европската Унија 2025 година.