Осумгодишниот Јован Јовановски од Куманово без ниту еден пораз на последните шаховски турнири

Осумгодишниот Јован Јовановски од Куманово, член на градскиот шаховски клуб го освои првотоместо во поединечните младински првенства во шах за момчиња и девојчиња во категориите до 8, 10, 12, 14, 16, и 18 години, што се одржа во јуни во Струмица во организација на Шаховската федерација на Македонија.

-На последните четири турнири немам пораз. Имам 19 медали и пет пехари.

Наскоро ќе замине во Параќин, Србија каде што ќе се натпреварува со возрасни со околу 200 учесници. На овие турнири заминува за да вежба и да стекне искуство.

Тој најчесто тренира со татко му и со тренерите и членовите на шаховскиот клуб, секој вторник, четврток и сабота.

-Многу ми е интересно, понекогаш татко ми ме победува, ама јас често му земам две партии, вели малиот кумановец.

Јован веќе три години тренира во клубот со неговиот тренер Жарко Митковски. Поддршка има и од самиот клуб.

Потпретседателот на шаховската федерација Агим Шемшиу, е презадоволен од успехот на Јован.

– Куманово има со што да се гордее. Малиот Јован достојно го претставува градот и самиот шаховски клуб. Освен во Струмица покажа квалитет на уште три турнири, два во Скопје и еден во Куманово Лани, имаше изворедни резултати, изјави Шемшиу.

Јован како државен првак ќе се нарпреварува на европското првенство кој е закажан за ноември, годинава во Будва, Црна Гора. Останатите претставници ќе учествуваат на светско превнество во Драч, Албанија.

– Се надеваме дека ќе има одлични резултати и ќе претставува Македонија, градот, клубот како амбасадор. Во клубот имаме одлични деца и мислам дека преку нив се враќа сјајот на шахот, исто како во минатото, додава Шемшиу.

Потпретседателот на Федерацијата, Шемшиу посочи дека во дури 14 училишта од Куманово се изучува шах како изборен предмет.

– Шахот е одлична игра и многу ни е важно што од децата кои го изучуваат како изборен предмет, неколкумина ќе останат во клубот и се надеваме дека ќе продуцираме исклучителни шахисти, изјави Шемшиу.

Зачлени се на нашиот е-билтен