Три автобуси и комбе изгореа во ноќен пожар во Кочани

Синоќа околу 2:30 часот по полноќ во кочанската населба Оризари избувна голем пожар што зафати три туристички автобуси и едно товарно комбе, сопственост на приватна превозничка фирма. Возилата биле паркирани во близина на бензинска пумпа, но благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Штип огнената стихија била локализирана пред да се прошири врз пумпата и околните објекти.

Според првичните информации од СВР Штип, во инцидентот нема повредени лица. Министерството за внатрешни работи најави дека увидна екипа од ОВР Кочани во текот на денот ќе направи детална проверка на местото на настанот за да ги утврди причините за пожарот и висината на материјалната штета.

Зачлени се на нашиот е-билтен