Од петок, 4 јули, возачите што транзитираат низ српските автопати ќе плаќаат повисоки патарини: ценовникот расте за просечни 4,2 % по изминат километар, соопшти српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура. Одлуката треба формално да ја верификува Владата.
За патничко возило, патувањето од граничниот премин Прешево до Белград ќе чини 1 970 динари (15,85 евра), додека целата траса Прешево – Суботица ќе изнесува 2 815 динари (22,64 евра). Цената варира и според делницата:
- Белград – Димитровград: 1 740 динари
- Белград – Ниш: 1 170 динари
- Суботица – Димитровград: 2 575 динари
- Нови Сад – Ниш: 1 490 динари
- Ниш – Шид: 1 690 динари
Корисниците што плаќаат електронски (TAG) и понатаму добиваат попуст, па надлежните препорачуваат ваков начин на наплата – особено за оние што често патуваат.
Министерството потсетува дека загубената, оштетена или повеќе од 24 часа стара картичка за влез на автопатот може да донесе наплата по најдолгата делница на трасата, плус трошоци за итна постапка.
Со најавениот корекција Србија ги усогласува патарините со инфлацијата и трошоците за одржување на автопатската мрежа, а возачите добиваат едномесечен рок да се подготват за новите износи.