Новиот живот започнува со блесок светлина при успешно оплодување на јајце клетката

Eggs flash as they meet sperm enzyme, capturing the moment that life begins Credit: NORTHWESTERN UNIVERSITY
Eggs flash as they meet sperm enzyme, capturing the moment that life begins Credit: NORTHWESTERN UNIVERSITY

Денеска потсетуваме на едно извонредно откритие кое ја надминува границата помеѓу науката и поезијата, истражувачите на Универзитетот Нортвестерн забележале дека буквално се емитува искра светлина во моментот кога човечката сперма успешно оплодува јајце клетка.

Овој заслепувачки блесок не е само симболичен, туку е вистински бран на атоми на цинк, ослободени во експлозија слична на огномет предизвикана од калциумови бранови во јајце клетката, сигнализирајќи дека се случило оплодување.

Ослободувањето на цинк е клучно за развојот на јајце клетката, во суштина означувајќи го почетокот на животот. Научниците го забележаа овој феномен користејќи флуоресцентни сензори кои светнале додека се ослободуваше цинкот, откривајќи микроскопски „искри“ кои личат на мали блесоци од ѕвездена прашина.

Освен неговата импресивна убавина со која се зачнува нов живот, ова навестува нови можности кои можат да ги револуционизираат третманите за плодност, помагајќи да се утврдат најздравите јајце клетки за време на ин витро оплодувањето.

За научниците и за човештвото ова откритие е еден од оние ретки научни моменти што се чувствуваат речиси митски: животот, кој започнува со блесок светлина.

Зачлени се на нашиот е-билтен