Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“, истакна дека според теренски анкети и анализи, граѓаните покажуваат големо разочарување, а ВМРО-ДПМНЕ не го исполнува очекуваното. „Граѓаните имаат големи очекувања, но тие не се остваруваат. Ниту пак гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исполни своите ветувања“, рече тој.
Филипче посочи дека ова особено се гледа на локално ниво, споменувајќи го примерот на Скопје. „Градоначалничката е кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Со нефункционален јавен превоз, со депонии што не се решаваат и со општински проблеми што се оставаат за следниот мандат, како очекуваат граѓаните да им веруваат?“ прашува министерот.
Според неговите зборови, овие фактори ја објаснуваат бројката од над 100.000 гласови што ВМРО-ДПМНЕ ризикува да ги загуби.