Марко Јазбец доби нов петгодишен мандат како претседател на Управниот одбор на Сава Ре, одлучи Надзорниот одбор на компанијата.
Одлуката е донесена по позитивната оценка за неговото досегашно раководење со компанијата и Сава Осигурителната Групација.
Од Надзорниот одбор оценуваат дека Јазбец успешно ја водел групацијата во услови на геополитички неизвесности и засилени предизвици на осигурителните, реосигурителните и меѓународните финансиски пазари.
Новиот мандат доаѓа во период кога Сава ја подготвува стратегијата за следните пет години. Од компанијата велат дека повторното именување треба да обезбеди континуитет во управувањето и реализацијата на долгорочните развојни проекти.
Јазбец е на чело на Сава Ре од 2017 година, а неговиот актуелен мандат истекува во мај 2027 година.
Сава Осигурителната Групација работи на повеќе пазари во регионот, меѓу кои и во Северна Македонија преку Сава Осигурување и Сава пензиско друштво.
