Делови од општините Карпош и Аеродром денеска ќе останат без електрична енергија поради најавени прекини во мрежата.
Од ЕВН информираат дека од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Скупи 20“ во Злокуќани, општина Карпош.
Во Аеродром, прекинот е најавен од 9:30 до 16 часот.
Без електрична енергија во овој период ќе останат дел од корисниците на улиците „Димитар Македонски“, „Гаврил Радомир“ и „Митре Влаот“.
