Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека државата должи над 700 милиони евра кон фирмите и општините, што, според него, ја загрозува ликвидноста на стопанството и ја втурнува економијата во хаос.
„Државата не ги исплаќа своите обврски и со тоа сериозно е загрозена ликвидноста на стопанството. Постојат сериозни проблеми со наплатата на повратот на ДДВ, а вкупниот долг на државата и општините е близу 700 милиони евра, од кои околу 100 милиони се за поврат на ДДВ. Тоа е реалната слика на економијата денес,“ изјави Филипче по работниот состанок со Комората на Северозападна Македонија.
Тој додаде дека ова е само уште еден доказ за, како што рече, „лошите економски политики на владата на Мицкоски и ДПМНЕ“.
„Сугерираме, предлагаме, но тие едноставно немаат слух да одговорат на вистинските потреби на граѓаните и компаниите,“ истакна Филипче.