Во предизборното соочување на ТВ телма кандидатите за градоначалници на Општината Чаир. Изет Меџити од Влен и Бујар Османи од ДУИ најавија бројни ветувања и подготвеност да го сменат рувото на Чаир и да ја направат општина по светски стандарди.
Османи вети дека ќе работел од 5 наутро и дека еден од главните приоритети ќе му биде справувањето со дивоградбите.
„За жал кога ќе го спомнете Чаир низ целата држава, па и пошироко синоним се дивоградбите и корупцијата. Мислам дека тоа е најголем проблем и е извор на сите други проблеми. Има и случаи каде станбени згради се легализирани како хотелски апартмани со цел да се плати само 7 евра за нив, а не 140 евра колку што треба. Не само што е со милионски суми оштетен буџетот, туку и тие дивоградби го имаат задушено Чаир и тој според сите параметри неколку години веќе целосно колабира во сите свои функции“, аргументираше Бујар Османи кандидат за чаир од Националната алијанса за интеграции.
Османи уште вети кризни штабови за чистота, маалски полицајци и план за безбедност.
Неговиот главен ривал и противни Изет Меџити реплицираше дека и Данела Арсовска така почнала да работи од 5 часот наутро, но дека на крајот го создаде хаосот во градот.
Меџити уште истакна дека Владата издвојува рекордни средства за Чаир и дека безбедноста во овие 15 месеци е многу подобрена, а улиците се осветлени.
Изет Меџити, иронично реагираше и на критиките на Османи за неговото политичко искуство, потсетувајќи го дека токму тој и неговиот лидер, Али Ахмети, повеќе од две децении се дел од власта.
„Бујар Османи вели дека наводно сум 20 години на политичката сцена. Ако тргнеме по таа логика, тогаш што бара Али Ахмети? Зошто бара глас за Али Ахмети сега, по 23 години колку што сте на власт? Цело време тоа го повторуваш, а и самиот не си помалку од 20 години на министерски позиции — 3-4 пати си бил министер“, изјави Меџити.
Меџити додаде дека, за разлика од претходните владеења, неговиот тим за само 15 месеци го усвоил Законот за правична и соодветна застапеност, предизвикувајќи го Османи да се соочи со фактите и да каже колку луѓе се вработени за време на неговата власт, а колку сега.
Со оваа изјава, Меџити потенцираше дека коалицијата ВЛЕН донела измерливи резултати за краток период, спротивставувајќи се на потрошената политика на ДУИ и Бујар Османи.