Ливриниќ во населбата Ферид Бајрам најави подобрување на условите за живеење и поголема безбедност на граѓаните

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, оствари средба со жителите на населбата Ферид Бајрам, при што најави повеќе инфраструктурни проекти со цел подобрување на условите за живеење и поголема безбедност на граѓаните.

Меѓу најавените активности се уредувањето на просторот кај Тедико, кој ќе добие зеленило и фонтана – ново место за одмор и рекреација за жителите од овој дел на Бутел.

Планирана е и изградба на атмосферска канализација на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, зад автобуската Чаирче, како и реконструкција на уличното осветлување во населбата, со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се подобри урбаното уредување.

Посебен акцент ќе се стави на обновата на трите парка во овој дел од општината:

  • Паркот на ул. „Мара Междуречка“
  • Паркот на ул. „Никола Петров“
  • Паркот спроти ООУ „Петар Здравковски Пенко“

„Секој парк ќе биде безбеден, уреден и пријателски – за децата, за родителите, за сите што живеат тука. Ова не се само ветувања, туку конкретни планови што ќе ги реализираме заедно со граѓаните“, изјави Ливриниќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен