„Починат кандидат“ на листа за Град Скопје?

Порталот 24info објави дека на советничката листа на Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ) за Град Скопје фигурира кандидатка со иницијали Б.Љ., родена во 1940 година, која починала во јануари 2024 година, но и натаму се наоѓа на листата и во избирачкиот список. Идентична содржина пренесоа и други портали, повикувајќи се на истата информација.

Ако навистина починато лице се нашло на потврдена кандидатска листа или останало во избирачкиот список, тоа директно ја засега регуларноста и довербата во процесот – особено во последните 48 часа пред гласање. Според Изборниот законик и упатствата на изборната администрација, општинските/градските изборни комисии се должни да проверат дали кандидатите ги исполнуваат условите пред потврдување на листите, а ДИК ја објавува официјалната документација за локалните избори и упатствата за поднесување и потврдување на листите.

Зачлени се на нашиот е-билтен