Државната изборна комисија соопшти дека првичните резултатите од денешите локани избори ќе се знаат околу полноќ.
Претседателот на ДИК, Борис Контадрко на денешната прес конференција сооошти дека донесена е одлука членовите на Општинските изборни комисии во текот броењето на гласовите да присуствуваат во полн состав, заради поголема ефикасност, контрола врз записницигте, брзина, транспарентност при броењето на гласовите.
„На сите локални избори броењето на гласовите оди поспоро со што и соопштувањето на резулатите од гласањето ќе биде подоцна. Тоа е така на сите локални избори бидејќи се гласа на две гласачки ливчеиња, а во Градот Скопје на 4 гласачки ливчиња. Во текот на денот на секои два часа преку прес конференции ќе изестуваме, додека последната прес конференција ќе биде одржана по 19 часот по гласањето, и тоа ќе биде за излезноста. Првичните резултати ќе се знаат околу полноќ“, рече Кондарко.
Во врска со вчерашното гласање, на болните изнемоштените и затворенициоте и во домовите за стари лица, тој рече дека и овие гласачки ливчиња ќе бидат броени после 19 часот, одосно по затворањет на гласачките места.
„Тие гласачи ливчиња не се издвојуваат и не се бројат посебно, туку ќе бидат ставени и броени со сите други гласачки ливчиња од денешото гласање“, рече Кондарко.