Според резултатите објавени на веб страницата на Државната изборна комисија до 22 часот, кандидатите за градоначалници на Коалицијата Вреди водат во девет општини, додека кандидатите од Националната алијанса за интеграција (НАИ) водат во четири општини.
Коалицијата Вреди води во општините Арачиново, Боговиње, Брвеница, Дебар, Желино, Сарај, Теарце, Тетово и Чаир, додека кандидатите на Националната алијанса за интеграција во Врапчиште, Гостивар, Липково и Пласница. Во Струга води независниот кандидат Менди Ќура, исто како и во Студеничани Азем Садики.
Во Општина Арачиново со обработени 90.32 отсто од гласовите води кандидатот на Коалицијата Вреди Даути Беќири, со 49.26 отсто од гласовите наспроти Скендер Исуфи од Национална алијанса за интеграција (НАИ) со 47.87 отсто.
Во Општина Тетово со обработени 89,74 отсто од гласовите води Биљал Касами од Коалицијата Вреди, со 47,05 отсто наспроти Бајрам Реџепи од НАИ со 36,95 отсто.
Во Чаир, со обработени 46,51 отсто од гласовите, води кандидатот за градоначалник од Коалицијата Вреди Изет Меџити, со 50,54 отсто наспроти кандидатот од НАИ Бујар Османи со 39,10 отсто.
Во Гостивар, со обработени 78,51 отсто од гласовите води Валбон Лјимани со 59,23 отсто наспроти Себаедин Даути со 15,30 отсто.
Во Струга, со обработени 71,54 отсто од гласовите води независниот кандидат Менди Ќура со 38,16 отсто наспроти Арсим Далипи од НАИ со 35,99 отсто.