Во четири скопски општини граѓаните повторно ќе излегуваат на гласање за избор на градоначалник – Карпош, Центар, Аеродром и Шуто Оризари.
Според податоците на Државната изборна комисија, ниту еден од кандидатите во овие општини не освоил повеќе од половина од гласовите во првиот круг, па конечната одлука ќе се донесе на гласањето закажано за 2 ноември.
Во Карпош, води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски, кој во вториот круг ќе се соочи со Стевчо Јакимовски.
Во Центар, најмногу гласови во првиот круг освои актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, кој ќе влезе во втор круг со својот противкандидат.
Во Аеродром, во трката остануваат Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Трајановски од СДСМ.
Во Шуто Оризари, битката за градоначалничката функција ќе се решава меѓу актуелниот градоначалник Курто Дудуш и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ерџан Демир.