Меѓународните набљудувачи денеска ги презентираат своите наоди за Локалните избори 2025

гласањето

Меѓународните набљудувачи денеска ќе ги објават своите првични оценки и заклучоци за текот на Локалните избори 2025 во Северна Македонија.

Презентацијата ќе се одржи на прес-конференција, на која ќе зборуваат Матео Мекачи, шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР (Канцеларија за демократски институции и човекови права на ОБСЕ), Гобнит Ни Вимнехан, шефица на делегацијата на Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа, и Марта Темидо, шефица на делегацијата на Европскиот парламент.

Мисијата за меѓународно набљудување на изборите е заеднички ангажман на ОДИХР, Советот на Европа и Европскиот парламент. Во неа учествуваат вкупно 276 набљудувачи од 40 земји, меѓу кои 254 експерти и набљудувачи од ОДИХР, 15 пратеници и службеници од Конгресот и седум претставници од Европскиот парламент.

Целта на мисијата е да се направи сеопфатна проценка на изборниот процес, вклучително и организацијата, транспарентноста, работата на изборните органи и почитувањето на демократските стандарди.


Зачлени се на нашиот е-билтен