Кандидатот на СДСМ Трајановски: Да се обединиме за промената што ја почнавме во Аеродром

Трајановски најави дека во деновите што следуваат, ќе продолжам активно да бидам меѓу вас, затоа што секој ваш предлог е важен.

Благодарам за укажаната доверба и поддршка која ми ја дадовте во првиот круг од локалните избори, изјави Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ.

„Вашиот глас е потврда дека промените за кои се залагаме во нашата програма се неопходни, и дека нашата визија за подобар Аеродром е заедничката цел која нè обединува. Ни претстои втор круг, во кој уште посилно, со уште повеќе енергија и работа на терен, ќе се бориме за иднината на нашата општина“, порача Трајановски.

Трајановски најави дека во деновите што следуваат, ќе продолжам активно да бидам меѓу вас, затоа што секој ваш предлог е важен.

„Ве повикувам повторно, со истата решителност и верба, да се обединиме и да ја направиме промената што ја започнавме. Да покажеме дека Аеродром заслужува вистинско лидерство, отворена општина и работа во интерес на сите граѓани“, вели Трајановски.

‘Благодарам за довербата – продолжуваме заедно, посилно од кога било! Заедно можеме повеќе. Заедно ќе успееме’.

Зачлени се на нашиот е-билтен