Благодарам за укажаната доверба и поддршка која ми ја дадовте во првиот круг од локалните избори. Вашиот глас е потврда дека промените за кои се залагаме во нашата програма се неопходни, и дека нашата визија за подобар Аеродром е заедничката цел која нè обединува, порачува во изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата.
„Ни претстои втор круг, во кој уште посилно, со уште повеќе енергија и работа на терен, ќе се бориме за иднината на нашата општина. Во деновите што следуваат, ќе продолжам активно да бидам меѓу вас, затоа што секој ваш предлог е важен“, вели Трајановски.
„Ве повикувам повторно, со истата решителност и верба, да се обединиме и да ја направиме промената што ја започнавме. Да покажеме дека Аеродром заслужува вистинско лидерство, отворена општина и работа во интерес на сите граѓани“, апелира д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата..