Бучковски: Прагматично би било Левица, СДСМ, ГРОМ и ЛДП да соработуваат во Скопје

Бучковски

Прагматично би било, и логично, Левица, СДСМ, ГРОМ и ЛДП да соработуваат во Скопје, оцени поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски, во дебатата за резултатите од локалните избори во емисија на „360 степени“.

Бучковски смета дека изборите не се завршени и дека СДСМ треба да направи сѐ што е во неговата моќ да се потврди онаму каде што се во прв круг каде што се први и онаму каде што влегуваат како втори и да дадат сѐ од себе за да бие поголема бројката на градоначалници од овие 3 кои досега ги освоија.

Во скопските општини, смета Бучковски, опозицијата влегува со сериозна шанса да победи во 2 општини.

„Според мене во Центар и Карпош, а во Аеродром ќе има интересна битка бидејќи очекувам и понатаму Трајановски да ги покаже своите капацитети и да биде еден од идните лидери на СДСМ, иако не очекувам да го загрози големото водство кое го има кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ“, прогнозира поранешниот премиер.

Зачлени се на нашиот е-билтен