Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој воедно е и атуелен кумановски градоначалник кој трча за трет мандат, на социјалните мрежи објави фотографија од средбата со новиот градоначалник на Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити. На неа се гледа како двајцата си подаваат рака во знак на договорената поддршка во вториот изборен круг во Куманово.
„Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на коалициониот партнер ВЛЕН добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово“, објави Димитриевски.
Според податоците на Државната избодрна комисија, Димитриевски, во првиот круг на локалните избори 2025, освои 37,89 проценти или 16.183 гласови. Во втор круг влегува за градоначалник на Куманово влегува и независниот кандидат Горан Стојковски-Диро со освоени 13,92 проценти или 5.946 гласови.