На детско игралиште во скопската населба Капиштец се случил шокантен инцидент, кога глушец каснал 10-годишно дете додека си играло со другарчиња, јави телевизија Сител.
Според сведоци, нападот се случил среде игра, а детето завршило со раскрвавена рака. Настанот го потресе соседството, бидејќи доаѓа во момент кога градот Скопје се дави во натрупано ѓубре, а јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под истрага на полицијата и обвинителството за можна злоупотреба.
Град без ред, општините чистат сами
Поради парализираното работење на „Комунална хигиена“, неколку градоначалници започнаа сопствени акции за чистење со механизација од општините, во обид да ја стабилизираат катастрофалната состојба со отпадот.
Во меѓувреме, директорот на претпријатието е недостапен за јавноста, додека институционалната криза кулминираше со вчерашната акција на полицијата и обвинителството, кои влегоа во канцелариите на претпријатието.