Ѓубрето во Скопје е зрело за прогласување вонредна состојба. Кога се носи оваа мерка?

Катастрофалната состојба со ѓубрето во Скопје го предизвика алармот на стручните лица и лекарите. Лекарите упатуваат итен повик до надлежните институции да започнат со чистење на градот без одложување.

Откажувањето или пролонгирањето на реакцијата, велат, може да предизвика вистинска здравствена криза, со зголемен ризик од заразни болести и контаминација на јавните простори.

„Ако не се реагира сега, Скопје ќе се најде во состојба што ќе биде многу потешко да се контролира,“ предупредуваат експертите.

Познатиот микробиолог д-р Никола Пановски предупредува дека доколку институциите не реагираат итно, градот се соочува со потенцијална епидемиолошка катастрофа.

„Ова што го гледаме е невидено. Такви сцени имало во 16. и 17. век, кога не можело да се собере ѓубрето. Единствена среќа е што времето е релативно ладно. Да беше 37 степени, ќе имавме совршени услови за развој на бактерии, муви и зарази,“ изјави Пановски.

Епидемиолошки ризик и навлегување на глодари во домовите

Пановски објаснува дека глодарите лесно ќе се пробијат во домовите ако отпадот не се отстрани наскоро – особено во деловите од градот каде што има повеќе неурбанизирани површини и остатоци од храна.

„Ако се чека до втор круг избори и административни одлуки, до 10 ноември може да дојде до вистинска наезда. За само еден месец популацијата на стаорци може да достигне 10.000 единки. Сега имаат храна и услови за живот, но ако потоа ѓубрето се исчисти, тие ќе влегуваат по станови, кујни и шпајзови барајќи храна,“ предупреди микробиологот.

На оваа тема вонредна седница одржа и ЗЕЛС. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за иден градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на иницијатива на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска бил одржан состанок со сите скопски градоначалници во рамки на ЗЕЛС, со една единствена цел, да се изнајде решенија за нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена”.

Оваа состојба, за која започна да преовладува мислење дека е кризна, ја отвори дебата за можноста за прогласување вонредна состојба на територијата на Скопје.

Уставот дефинира дека вонредна состојба може да се воведе кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии, што наликува на актуелната состојба со коронавирусот.

Во членот 125 од Уставот пишува:

„Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена. Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.“

Владата со овластувања и на Собрание

Доколку дојде до такво нешто, членот 126 нормира дека „Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила“.

„Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието“,пишува во истиот член од Уставот.

Сега засега прашањето за прогласување вонредна состојба е тема меѓу стручните луѓе и јавноста, додека институциите сѐ ушпте се немаат произнесено за оваа мерка, а состојбата секој ден станува сѐ полоша и постојат елементи за активирање на .

Зачлени се на нашиот е-билтен