72, 71, 70… Од кога почнуваме да одбројуваме?

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во рок од 72 часа ќе го исчисти главниот град од ѓубрето и сметот кој се заканува да предизвика епидемија од широки размери во главниот град. Граѓаните веќе интензивно пријавуваат појава на стаорци околу контејнерите и во влезовите а надлежните продолжуваат да креваат раце.

Во меѓувреме актуелната градоначалничка Данела Арсовска на социјалните мрежи објави детално објаснување за начинот на кој функционира односно не функционира Комунална хигиена – Скопје, со остри обвинувања и до поранешниот претседател на советот Трајко Славевски и до ВМРО-ДПМНЕ, објаснувајќи дека надлежностите за ова претпријатие биле исклучуво во нивни раце.

Утрово на социјалните мрежи се обрати и епидемиологот Д-р Драган Даниловски кој предупреди на појава на бубонска чума и други болести кои не се видени од средниот век, во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен